Борел по средбата со Вучиќ и Курти: Немаме договор, но тоа не е крајот на приказната

од Берта Китинска

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Аљбин Курти, во Брисел, изјави дека денеска „за жал, не е постигнат договор, но тоа не е крајот на приказната, двете страни се согласија дека процесот мора да продолжи и разговорот ќе продолжи во наредните денови, бидејќи до 1 септември има уште време, не се откажувам“.

Како што беше посочено, до 1 септември, кога беше одложена одлуката на Приштина за пререгистрација на возила и лични документи, има уште време и тој нема да се откаже од барањето решение.

Слични содржини