Борел повика на итен почеток на преговорите со С. Македонија и Албанија

од Nikola Popovski

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел синоќа повика на итен почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија.

„Постои потреба од помирување на Западен Балкан и постои јасен став дека веднаш треба да започнеме преговори со Северна Македонија и Албанија, тоа го нагласувам“, истакнал Борел на прес-конференција.

Тој додаде дека тоа е негово лично мислење како висок претставник за надворешна и безбедносна политика.

Борел ја повика Бугарија да се откаже од ветото за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија до крајот на француското претседателство, кое истекува на крајот на јуни, и предупреди дека во спротивно може да дојде до криза во односите меѓу ЕУ и Западен Балкан.

„Оваа ситуација не им штети само на нив, туку и нам, тоа е подарок за Русија“, рекол Борел.

„Ако тоа не се случи, морам да признаам дека ќе има сериозна криза во нашите односи со Западен Балкан. Затоа ќе направиме се што е можно, ќе извршиме секаков можен притисок врз двете страни да се постигне договор“, нагласил Борел.

Слични содржини