Борел: Преговорите со Иран за нуклеарниот договор повторно отворени

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави денеска дека верува оти има доволно напредок за време на консултациите за иранската нуклеарна програма меѓу неговиот пратеник Енрике Мор и иранските претставници во Техеран оваа недела.

„Тоа помина подобро од очекуваното – преговорите беа заглавени, а сега тие се повторно отворени“, изјави Борел за новинарите на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Германија, пренесува „Ројтерс“.

Преговорите за нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили беа прекинати во март годинава, главно поради инсистирањето на Техеран Вашингтон да ја отстрани Иранската револуционерна гарда од списокот на терористички организации.

Слични содржини