Борел разговараше со лидерите на Западен Балкан за последиците од војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во вторникот во Њујорк приреди неформален ручек со лидерите од Западен Балкан, на кој главна тема беше глобалното и регионалното влијание на „илегалната и неиспровоцирана војна на Русија против Украина“.

Како што се потсетува во соопштението на Надворешната служба на ЕУ, овие состаноци се одржуваат двапати годишно во Брисел и Њујорк и служат како неформална можност за размена на мислења за предизвиците во регионот и европската иднина на регионот.

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ ја нагласи поддршката што ЕУ ја дава на Западен Балкан за подобрување на енергетската безбедност и во справувањето со хибридните закани, вклучително и сајбер заканите и странската манипулација со информации.

Слични содржини