Борел: Русија да ја ревидира својата одлука за прогласување непријателски држави

од Vladimir Zorba

Европската унија ги смета за неосновани обвинувањата кон Русија дека одредени земји се непријателски расположени кон неа и ја повикува Москва да ја ревидира одлуката за ставање на Чешка и САД на таа листа, објави кабинетот на шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел.

„Ја повикуваме Русија да ја ревидира таа одлука со цел да се избегне понатамошно влошување на односите што се веќе напнати“, се вели во документот.

Во изјавата Борел нагласи дека Европската унија е во целосна солидарност со Чешка, како и со Соединетите држави и уште еднаш ја повика Русија „да се придржува до Виенската конвенција“.

Да потсетиме, Владата на Русија го утврди списокот на непријателски земји, а на него се наоѓаат Соединетите Американски Држави и Чешка. Според документот, дипломатската мисија на Чешка може да вработи најмногу 19 работници од Русија, а САД – никој.

Во интервју за Спутник, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека руската листа на непријателски земји нема да биде „мртов“ документ, „тој ќе биде ревидиран, бидејќи руските односи со одредена земја ќе се развиваат во иднина“.

Слични содржини