Борел: Смртта на Флојд е последица на злоупотребата на моќта која ги шокираше Европејците

од Nikola Popovski

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, изјавил денеска дека смртта на Џорџ Флојд е последица на злоупотреба на службената должност и дека блокот од 27 земји членки е „шокиран и згрозен“ од тоа.

Борел им рекол на новинарите дека сите во ЕУ биле шокирани и згрозени од смртта на Џорџ Флојд, како и луѓето низ САД.

Тој изјави дека полициските службеници задолжени за спроведување на законот и редот „не смеат да ги користат нивните капацитети како што направиле во трагичната смрт на Флојд. Ова е злоупотреба на моќта и тоа мора да се осуди“.

Високиот претставник на ЕУ истакнал дека Европејците „го поддржуваат правото на мирен протест, но исто така го осудуваат насилството и расизмот од кој било вид и секако повикуваат на смирување на тензиите“.

Борел изјавил дека ЕУ верува во способноста на Американците да работат заедно за „здраво“ решавање на овие важни прашања во овие тешки времиња.

Тој додал дека „сите животи се важни и дека животите на Афроамериканците се подеднакво важни“.

Претставникот на ЕУ, исто така, изјавил дека сите општества „мора да бидат внимателни и будни кога станува збор за прекумерната употреба на сила“ и да обезбедат и гарантираат дека полициските службеници ќе ја извршат својата работа со почитување на владеењето на правото и човековите права.

Слични содржини