Борел: Со промената на Уставот ќе се зачува македонскиот идентитет

од Nikola Popovski

Не сум само оптимистичен, туку сум и активист. Мораме да работиме за нештата да се случат. С. Македонија се обврза дека ќе го промени Уставот и дека ќе ги вклучи граѓаните кои што се дел од други националности, како што се Бугарите. Нема тука ништо чудно. Ако ја погледнете најновата членка на ЕУ, Хрватска има најмалку 22 заедници кои живеат во државата. Вашата држава веќе дава одличен пример на мултиетничко општество. Измената на Уставот само ќе ги унапреди основните права, вака изјави потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, кој заедно со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји претстојува во земјава.

Борел не се сомнева дека со тоа ќе се зачува македонскиот идентитет и ќе се напредне процесот на пристапување во ЕУ.

-Вашиот идентитет ќе биде апсолутно зачуван. Луѓето имаат неколку идентитети – нема да бидете помалку од тоа што сте, само бидејќи ќе станете членка на ЕУ. Многу е важно тоа да се нагласи. За понатаму е неопходно да се исполнат обврските кои што ги презедовте, рече Борел како одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со Димитар Ковачевски и Оливер Вархеји во Владата.

Слични содржини