Борел: Во ЕУ нема едногласна поддршка за создавање специјален меѓународен суд за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, призна дека во ЕУ нема едногласна поддршка за создавање некаков специјален меѓународен суд за Украина.

Тој посочи дека „апсолутно е точно дека треба да направиме повеќе во борбата против неказнивоста“, но не ги соопшти натамошните планови во оваа насока.

„Постои полемика за тоа дали ни треба нешто друго освен Меѓународниот кривичен суд за да се бориме против неказнивоста во Украина“, рече Борељ во говорот на форумот за човекови права во Брисел.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, коментираше дека е очигледно дека обидите за формирање меѓународен суд за акциите на Русија во Украина се нелегитимни. Тој додаде дека дури и да се формира, Москва нема да сноси никакви последици поради тоа.

На крајот на ноември, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјави дека Европската комисија предложила да се формира специјален меѓународен суд за Украина под покровителство на ОН за истрага и гонење на руската агресија.

Слични содржини