Борел за дијалогот: Очекувам конструктивен разговор

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел, изјави дека очекува конструктивна дискусија на денешната средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, што ќе придонесе за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, пренесе „Нова.рс“.

„Ги охрабрувам двете страни да пристапат кон денешните разговори во духот на компромис и прагматизам и европска иднина за народот на Косово и Србија“, рече Борел во поздравната порака пред разговорите.

Тој оцени дека двајцата лидери – претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, покажале цврста посветеност на дијалогот со европското посредување. Борел истакна дека е задоволен што ЕУ, по долгата пауза во дијалогот, се врати на „возачкото место“ во процесот на дијалог.

Слични содржини