Борел: Залуден е секој обид да се доведе во прашање договорот од Охрид

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека е залуден секој обид да се доведе во прашање договорот меѓу Белград и Приштина од Охрид, дека тој мора да се спроведе и дека нема простор за избор.

Пред почетокот на дводневниот самит на ЕУ, тој пред новинарите изјави дека тоа е целина која како таква мора да се спроведе на сеопфатен начин и дека ЕУ внимателно ќе следи кој го спроведува, а кој не.

„Би ги советувал да не посочуваат кон никого, туку да си ја работат својата работа“, рече тој.

Слични содржини