Борел: Земјите на ЕУ да соработуваат во испораката на оружје во Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Земјите на ЕУ треба да работат заедно за да ги надополнат своите воени резерви и да ја избегнат меѓусебната конкуренција за време на тековните испораки на оружје во Украина, изјави денеска во Брисел високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, пред состанокот на министрите за одбрана.

Според него, на овој начин ќе се обезбедат поповолни цени, квалитет и ќе се заштеди време.

ЕУ долго време ги охрабрува земјите-членки да ги здружат силите во купувањето оружје, наместо да ги зголемуваат цените натпреварувајќи се едни против други или поединечно склучуваат договори со добавувачи надвор од Унијата, објави „Ројтерс“.

Министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ, на состаноците во Брисел денеска и во понеделник, официјално ја започнаа мисијата за воена помош на Унијата за Украина, чија цел е да обучи вкупно околу 15.000 украински војници.

Слични содржини