Борис Џонсон и неговата сопруга Кери очекуваат уште едно бебе

од Vladimir Zorba

На својот профил на Инстаграм, сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон објави дека очекуваат уште едно бебе, како и дека имала спонтан абортус на почетокот на годината, пренесуваат британските медиуми.

Во својата објава на Инстаграм, Кери Џонсон изјави дека очекуваат бебе овој Божиќ, односно „виножито бебе“, што е термин што се користи за дете кое се родило откако мајката абортирала или бебето се родило мртво.

Кери откри и дека имала спонтан абортус на почетокот на годината, што, како што наведува, целосно ја „скршило“.

„Се чувствувам неверојатно благословено што сум повторно бремена, но бев ужасно напната и исплашена“.

Таа додаде: „Прашањето за потомство може да биде навистина тешко за многу луѓе, особено кога се чини дека сe оди добро на социјалните мрежи, како што е Инстаграм“.

„Беше вистинско задоволство да се слушнат утешни зборови од луѓе кои исто така доживеале загуба, па се надевам дека оваа моја објава може барем малку да им помогне на другите“, рече Кери Симондс Џонсон.

На крајот на април 2020 година, двојката Џонсон имаше син именуван по еден од лекарите кои му го спасија животот на премиерот кога страдаше од Ковид-19.

Слични содржини