Водечкиот кандидат за лидер на Конзервативната партија и премиерот Борис Џонсон вети  дека ќе продолжи со построга политика спрема  американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс.

Изјавата на Џонсон доаѓа во услови на дипломатска тензија помеѓу Белата куќа и Даунинг стрит 10. И самиот Џонсон беше критикуван  откако одби  телевизиска дебата за заштита на Ким Дарек.

аАмбасадорот Дарк пак  беше принуден да поднесе оставка под притисок од Трамп. Ова се случи откако еден британски весник ја објави преписката на Дарк, во која амбасадорот ја опиша владата Трамп како “неспособна “. 

Јас ќе се залагам и стојам зад нашите фантастични дипломати во светот , изјави  Борис Џонсон. Тој потсети дека британската дипломатија не се согласува  со новиот американски курс за иранската нуклеарна програма и глобалното затоплување.