Борис Џонсон ќе се жени на 30 јули 2022 година

од Vladimir Zorba

Британскиот премиер Борис Џонсон (56) и неговата вереница Кери Симондс (33) одредија датум за венчавка и испратија покани до членовите на семејството и пријателите за 30 јули 2022 година, пренесе Ројтерс повикувајќи се на таблоидот „Сан“, кој наведува дека деталите за свадбата и понатаму се „строго чувана тајна“.

Џонсон и Симондс ја објавија веридбата во 2019 година, но поради пандемијата на коронавирус, датумот на венчавката беше одложен.

Двајцата се првата невенчана двојка која живее во резиденцијата на „Даунинг стрит 10“, каде што се преселија во јули пред две години.

Британскиот премиер и неговата вереница имаат син Николас, роден на 29 април минатата година, именуван по еден од лекарите кои минатата пролет го лекуваа Џонсон со тешка форма на коронавирус.

За Џонсон ова ќе биде трет брак, а за Симондс прв, според британската агенција.

Џонсон од претходните бракови има четири деца.

Слични содржини