Борис Џонсон презеде целосна одговорност за кршење на епидемиолошките правила

од Stefanija Kuzmanovska

.Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека ја презема одговорноста за кршење на епидемиолошките правила во неговиот кабинет.

„Ја преземам целосната одговорност за се што се случи пред моите очи. Згрозен сум од некои однесувања“, рече Џонсон во парламентот откако беше објавен извештај за забавите на Даунинг стрит за време на забраната за собирање.

Објавен извештај за прекршување на локдаунот на Борис Џонсон

Во Велика Британија денеска беше објавен извештај за забавите на Даунинг стрит за време на забраната за собири, во кој се наведува дека одговорноста за културата на однесување што доведе до прекршување на правилата во кабинетот на премиерот Борис Џонсон мора да ја сносат оние на највисоката функција.

Во долгоочекуваниот извештај на високиот државен истражител Сју Греј за таканаречениот скандал „партигејт“ се наведува дека културата што ги овозможила настаните што се случиле „никогаш не смее да се повтори“, пренесува АП.

Слични содржини