Борисов: Договорот за добрососедство е прецизен и мора да се спроведе од двете страни

од Nikola Popovski

Договорот за соседство со Република Северна Македонија е толку прецизен и јасен во секоја област што едноставно мора да се спроведе од двете страни. Консултативниот совет за национална безбедност беше непотребен и само го покажа тоталниот хаос во кој се наоѓа земјата, изјавил лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов на прес-конференција во седиштето на партијата.

-Велат дека сме лошите, но тие повторуваат се што сме направиле. Седницата на Советот беше одржана само за да се потврди нашиот став на парламентот и владата, додал Борисов, пренесува БГНЕС.

На вчерашната седница на бугарскиот политички врв било дефинирано Владата на Бугарија да продолжи да ја исполнува рамковната позиција за Северна Македонија дефинирана во 2019 година, којашто е полна со „црвени линии“, но нема да го обврзува напредокот на официјално Скопје кон целта за зачленување во ЕУ со рокови.

 

Слични содржини