Борисов го отфрли повикот на Радев за оставка на владата: Јас сум демократ!

од Vladimir Zorba

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го отфрли повикот на претседателот Румен Радев за оставка на владата и јавниот обвинител и рече дека владата ќе се промени на избори.

„Јас сум демократ, постојат демократски начини за преземање на власта и тоа се прави на избори. Не е демократски да се внесе преодна влада на мала врата, да го земе законот во свои раце “, објави Борисов во видео пораката на својот Фејсбук.

Тој рече дека владата направила многу и дека е на власт заради чувството на одговорност да спречи опозицијата да ја сруши државата, пренесува БТА.

„Тие не можат да управуваат со земјата, тие покажаа дека, секој пат кога се на власт, фондовите на ЕУ беа блокирани“, рече Борисов.

Синоќа, веќе трет ден по ред, се одржа протест во Софија и во другите градови, поради рацијата во канцеларијата на бугарскиот претседател Румен Радев, што беше наложена од обвинителството.

Обраќајќи се на нацијата во саботата, Радев рече дека оставките на владата и обвинителството ги барале демонстрантите и дека тој упатува повик заради тензиите откако симпатизерите на владата и приврзаниците на претседателот се судрија во петокот.

Борисов ги повика демонстрантите да се воздржат од насилство и конфликт и додаде дека тој секогаш имал почит кон протестите, но истовремено предупреди дека заради пандемијата на коронавирус, на Бугарија и претстојат тешки месеци и години.

Слични содржини