Борисов го поздрави изгласувањето на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент

од Vladimir Zorba

 Се радувам што можам да го поздравам денешното ратификување на Договорот од Преспа, кој дава можност Скопје наскоро да се приклучи кон НАТО и отвора нова страница во неговите односи со ЕУ, па наскоро ќе можат да започнат преговори за пристапување, напиша на својот ФБ профил бугарскиот премиер Бојко Борисов.

-Напорите кои вложивме за време на нашето претседателство и потоа, да им помагаме на земјите од Западен Балкан, вклучително и на нашите пријатели од Скопје, денеска даваат резултати. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме, како и досега, посочува Борисов.

Слични содржини