Борисов: Го советував Заев да не си дава оставка

од desk4

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во пресрет на денешното продолжување на состанокот на лидерите на ЕУ изјавил дека Северна Македонија и Албанија завршиле голема задача, но дека во Унијата постои страв од проширување.

Покрај тоа што двете земји денес ја чекаат конечната одлука за тоа дали ќе добијат датум за старт на преговорите, Франција не попушта во своите ставови, а во врска со одлуката Борисов го советувал македонскиот премиер Зоран Заев да не поднесува оставка од функцијата доколку не добие зелено светло од земјите членки.

„Го советував Заев да не си дава оставка, има уште многу да се работи“, вели Борисов, а пренесува бугарскиот медиум 24 часа.

Слични содржини