Борисов најави донација за С.Македонија: Лесно е да кажуваш браќа сме, ама браќа се познаваат кога ти е тешко

од Vladimir Zorba

„Нарачав да се испратат стотина скафандери за нашите браќа во Северна Македонија. Да им испратиме на лекарите кои се во првата борбена линија. Лесно е да кажуваш браќа сме, ама браќа се познаваат кога ти е тешко. Кога ти умира народот“.

Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, јавува БГНЕС.

Борисов додаде дека во моментов нема лек за коронавирус, но дека во Бугарија нема ниту еден пациент кој не бил лекуван, а покрај тоа, државата им помага и на други земји.

Слични содржини