Борисов од Давос: Ги поддржуваме напорите на Западен Балкан на патот кон ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Бугарија постојано ги поддржува напорите на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членството во ЕУ, забележа бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на својот говор на панелот „Дијалог за дипломатијата на Западен Балкан“, во рамките на Светскиот економски форум во Давос.

Пред учесниците на панелот бугарскиот премиер акцентот го стави врз исклучително важното задржување на улогата на политиката на проширување на ЕУ како катализатор за реализирање на клучните реформи во земјите од регионот.

-Овие реформи се неопходни како за модернизирањето и развојот  на Западен Балкан, така и за стабилноста и просперитетот на овој стратешки важен регион за ЕУ, посочи премиерот Борисов.

Според него, различните иницијативи и формати на регионална соработка во Југоисточна Европа взаемно се дополнуваат во поттикнувањето на политичката, економската и социјалната стабилност во регионот.

-Регионалната соработка, меѓутоа, не е алтернатива на европската интеграција на Западен Балкан. Напротив, таа треба да придонесува за постигнување на стратешката цел за членството во ЕУ на земјите од регионот, истакна бугарскиот премиер.

„Бугарија, заедно со Република Северна Македонија од 1 јануари 2020 година се домаќини на Берлинскиот процес“, уште кажа Борисов од Давос. Двете земји, додаде, го презедоа овој одговорен ангажман како природно продолжение на постигнувањата за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ и вадењето на процесот на европската интеграција на Западен Балкан во преден план на политичката агенда на Унијата.

-Приоритетите на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес се порзаноста во сите нејзини аспекти: транспортот, енергијата, дигитализацијата, како и поврзаноста меѓу луѓето, особено меѓу младите, вклучувајќи и преку образованието, подвлече премиерот Борисов од Давос.

Слични содржини