Борисов откри: Цената на Фајзер скокна од 12 на 19,5 евра

од Nikola Popovski

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во неделата открил дека цената на вакцината Фајзер / Бионтек против коронавирус скокнала од 12 на 19,5 евра.

Тој тоа го изјавил во неделата за време на обиколката на работите за изградбата на спортскиот центар во Тополово, пренесува бриселски „Еурактив“.

„Цените на вакцините растат. Трговската војна е факт. Една доза на вакцината Фајзер чинеше 12, сега е 15,50 евра. Европската унија е во процес на потпишување договор за 900 милиони дози на вакцини за 2022-2023 година, но овој пат цената е 19,50. Тоа ќе чини околу 800 милијарди евра“, рече Борисов, пренесува БТА.

Зборувајќи за Бугарија, тој рече дека 2,7 милиони вакцини од компанијата Фајзер се очекува да пристигнат во таа земја во април и мај, а најдоцна до средината на јуни.

Слични содржини