Борисов позитивен на коронавирус

од Vladimir Zorba

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во неделата рече дека е позитивен на коронавирус откако двапати бил тестиран.

Во објава на неговиот официјален профил на Фејсбук, Борисов напиша дека ќе остане на домашно лекување по препорака на лекарот.

Борисов и тројца министри од неговата влада се повлекоа во самоизолација во петокот, откако беа во контакт со официјално лице позитивно на коронавирус.

Борисов тогаш рече дека е во самоизолација откако беше информиран дека заменик министерот за градежништво Николај Нанков, со кого беше во контакт пред пет дена, е позитивен на коронавирус.

Бројот на случаи со коронавирус рапидно расте во Бугарија, каде во моментов се заразени 18.246 лица.

Од почетокот на епидемијата, вкупно 37.562 лица биле заразени и починале 1084 од ефектите на Ковид-19.

Сите барови и ноќни клубови се затворени во Софија од недела до 8-ми ноември.

Градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова ги повика работодавците да дозволат работа од дома каде и да е можно.

Владата прави се што е во нејзина моќ да избегне второ заклучување.

Слични содржини