Борисов пресуди: Црквите ќе бидат отворени за Цветници и Велигден, луѓето се очајни и со слаб дух

од Nikola Popovski

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека православните цркви и храмови ќе бидат отворени на Цветници и Велигден и покрај кризата со коронавирусот, објаснувајќи дека многу луѓе се очајни и ослабени.

Борисов исто така ги повика Бугарите да останат дома и да се молат таму. Верски служби во поголемите цркви ќе се емитуваат во живо на државната телевизија.

„Тоа е тешка одлука, но јас сум подготвен да се справам со критиките. Епископите ми кажаа дека многу луѓе се ослабени духовно, очајни се. Затоа не можам да издадам таков налог (да ги затворам црквите)“, рече тој.

Црковните обреди на Велики петок, а особено на Велигден, вообичаено привлекуваат илјадници луѓе во црквите ширум балканските земји.

Бугарскиот минитер за внатрешни работи, Младен Маринов, изјави дека полицијата ќе биде околу црквите и ќе пази на редот и приддржувањето до социјалната дистанца.

Бугарија на 13 март прогласи вонредна состојба во земјата и забрани собирања со повеќе од две возрасни лица.

„Православната црква нема да дели гранчиња од врба како што тоа вообичаено го прави во недела, на Цветници“, изјави митрополитот Ловечки, Гаврил, и опиша дека потегот на црквата е „голем компромис”

Митрополитот додаде дека обредите за Велигден ќе се оддржуваат надвор од црквите, а Светиот синод на сите верници им препорача да носат заштитни маски.

Слични содржини