Борисов се огласи на социјалните мрежи: Негативен сум, можам да се сретнам со Заев

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов соопшти дека доби негативен резултат и на вториот ковид тест кој го направи, па изрази задоволство што ќе го пречека успешно македонскиот премиер, Зоран Заев во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Софија.

„Негативен сум на Ковид-19, покажа вториот последователен тест. Во согласност со наредбите на здравствените власти, ќе го пречекам премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и ќе го одржам Самитот на Берлинскиот процес“, напиша Борисов на својот профил на фејсбук.

Инаку, познато е дека премиерот Заев утринава замина за Софија кадешто заедно со Борисов ќе претседава со Самитот.

На Самитот ќе се обратат и германската канцеларка, Ангела Меркел, претставник на Европската Комисија, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу, како и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ.

На Самитот се очекува да заземат учество лидерите од земјите од Зпаден Балкан, како и заменик – претседателот на Европската Комисија, Борел, и еврокомесарот за соседство и проширување Вархеји.

Слични содржини