Борисов: Тешко ми е бидејќи вложивме многу напори за членството на С. Македонија

од Vladimir Zorba

„Направив многу напори, но имам авторитет меѓу моите колеги во Советот. Многу пати сум помогнал кога им бев потребен“ – рече бугарскитот премиер Бојко Борисов во интервју за емисијата „Лице в лице“ на Бугарската телевизија БТВ во врска со условите за влез во ЕУ во Северна Македонија и Албанија.

„Јас излегов и реков – колеги, да им дадеме уште една шанса. Тешко ми е, знам колку напори вложивме. Што се вели, и името си го сменија. Да им дадеме перспектива. Сите се погледнаа, а Туск и официјално го предложи тоа што го кажав, и сите се согласија“ – појаснува Борисов.

Премиерот на соседна Бугарија истакна дека верува оти францускиот претседател Макрон има право да ги „скрати“ Северна Македонија и Албанија.

“Кога Бугарија влезе во ЕУ, имаше апсолутен национален консензус. Без оглед која партија ќе дојде на власт во Бугарија, ориентацијата не се менува. Додека во овие две земји не се знае што може да се случи кога ќе се смени владата. Во тој поглед Макрон беше во право.“, објасни Борисов.

„Макрон, исто така, ќе отпатува во Северна Македонија и Албанија. Тој ќе биде информиран на лице место. Благодарен сум на моите колеги во Советот што ни дозволија да продолжиме на оваа тема“ – рече тој.

Борисов потсети дека Скопје и Тирана имаат време да се состанат во Загреб за добро да размислат дали како нација ги сакаат евроинтеграциите.

„Ако нацијата не го сака тоа, никој не може да го присили“, заклучи тој.

Слични содржини