Борусија Дортмунд е последната шанса на Роналдо

од Vladimir Zorba

Борусија Дортмунд е последната шанса на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо за трансфер ова лето. Според Бен Џејкобс од CBSSports, агентот на напаѓачот Жорже Мендеш активно работи на таа можност. На ваквиот потег поволно гледа и самиот Роналдо, бидејќи ќе може да игра во Лигата на шампионите и воедно да се бори за трофеј во Германија, откако веќе ги има од Англија, Шпанија, Италија и Португалија.

Германскиот клуб моментално разговара за опцијата за задоцнета понуда за Роналдо, а Мендеш прави се за да ги поттикне шефовите на „црно-жолтите“ да направат таков потег. Можно е и да се даде понуда за купување на Роналдо и да се направи обид да се привлече на позајмица.

Борусија е во потрага по нов напаѓач откако Ерлинг Халанд беше продаден на Манчестер Сити, а Себастијан Алер, кој беше доведен како негова замена, беше опериран откако му беше дијагностициран тумор на тестисите. Сигурно ќе пропушти неколку месеци во кои ќе мора да се опорави.

Според Бен Џејкоб ова е последна шанса за трансфер на Роналдо ова лето, бидејќи Португалецот се уште нема намера да се врати во Португалија со тимот на Спортинг, а можноста за преселба во Атлетико Мадрид сега е дефинитивно отфрлена.

Слични содржини