Босанец пече јагне, бесен Швајцарец го гаси со пп апарат (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи лавина реакции предизвика видеото објавено на Фејсбук страницата посветена на луѓе од БиХ кои живеат во Швајцарија, а на која Швајцарец наводно напаѓа Босанец затоа што пече јагне во двор.

Имено, човек по име Дин, а судејќи по коментарите, по потекло од БиХ, печел јагне во дворот, кога му пришол лут Швајцарец, кој во рацете носел некаков вид на оружје и противпожарен апарат.

„Знаеш дека тоа е забрането, Југословен“, извикал Швајцарецот, а Дин веднаш повикал полиција.

Додека им објаснувал на полицајците каде треба да дојдат, Швајцарецот го активирал апаратот за гаснење пожар врз јагнешкото. Госпоѓата од балконот снимила се и за тоа го известила Дин, пренесува „Klix.ba“.

„Напад на чест и ражен“, гласи описот на видеото кое се појави на Фејсбук и собра над илјада коментари.

Слични содржини