Босанец уапсен во Виена: Ги дрогирал и силувал ќерките од детство, жртва и неговиот син

од Aleksandar Petrovski

Државјанин на Босна и Херцеговина (40) е обвинет за сексуално малтретирање на три малолетни деца, меѓу кои две ќерки и син уште од 2003 година, јавуваат австриските медиуми.

Полицијата и окружниот обвинител го опишаа случајот како „ужасен“, а осомничениот бил уапсен во Виена.

Властите на прес-конференцијата откриле дека тој не само што ги злоставувал своите 19-и 21-годишни ќерки неколку пати неделно од детството, туку дека неговиот деветгодишен син исто така бил жртва на сексуална злоупотреба. Полицијата и обвинителите се сомневаат дека тој ги дрогирал децата со психотропни супстанции или алкохол за да не му се спротивстават, а потоа наводно ги злоупотребувал.

Според австриските медиуми, името на граѓанин на БиХ го привлече вниманието на полицијата во декември минатата година. Имено, Одделот за сексуални престапи и порнографија на деца објави дека на секс порталот се појавила реклама во која седумгодишно дете се нуди за сексуални услуги во Долна Австрија.
Осомничениот маж е уапсен во Виена, а за време на акцијата полицијата пронајде пиштол без документи кај него. Тој, исто така, се спротивставил на апсењето. Државјанинот на БиХ бил префрлен во затворот Виена-Јозефштат. Според информациите од порталот ОЕ24, тој е обвинет за силување, сексуално вознемирување на малолетни лица, детска порнографија, закани и поседување нелегално оружје.

Слични содржини