БОСАНСКИ РОЗИ СО ОРЕВИ: Лесен неделен десерт, одлично оди и со шолја домашно кафе

од Vladimir Zorba

Овој стар босански рецепт може да се користи и за подготовка на баклава:

Состојки:

350 грама ореви
70 грама презла
кора за пита или баклава
250 грама путер

Состојки за прелив:

700 грама шеќер
600 милилитри вода
1 лимон
2 ванилин шеќер

Подготовка:

Измешајте ги јаткастите плодови и презлата, и расукајте ги корите.

Наредете ги 3-те кори како карти и обилно посипете ги со ореви и стопен путер.

Свиткајте како штрудла, исечете ги на парчиња со дебелина од 3 см и наредете во плех за печење.

Полијте со путер и печете додека не порумени.

За тоа време згответе фил од шеќер, вода, лимон и ванилин шеќер. Оладениот прелив прелијте го врз жешките рози.

На здравје!

Слични содржини