Босански тенисер го „пецна“ Надал: Секој може да освои трофеј кога го нема Ѓоковиќ!

од Nikola Popovski

Пријател на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и негов колега остро реагираше откако Рафаел Надал го освои Австралија опен и стигна до 21. Грен слем титула.

Дамир Џумхур со објава на Инстаграм јасно стави до знаење дека оваа титула го губи своето значење поради отсуството на  тенисерот кој се уште се наоѓа на првото место на АТП листата.

– Секој може да освои Грен слем кога Ѓоковиќ не се натпреварува. Џокерот и понатаму е најдобар на сите времиња, јасен беше Џумхур.

И Дамир Џумхур своевремено имаше проблеми со правилата за коронавирусот, кога не можеше да учествува на Ролан Гарос поради контакт со својот тренер, кој добил позитивен резултат, што се покажа како многу контроверзна ситуација.

Босанскиот тенисер во моментов се наоѓа на 161. место на АТП листата.

Слични содржини