Бошков: Владата нема да си дозволи отпуштање на работници – компаниите најпрво мора да ги слушнат мерките

од Берта Китинска

Сметам дека Министерството за труд и социјална политика и Владата нема да си дозволат околу 350. 000 вработени да останат на улица и да бидат социјална категорија, на социјална помош.Опасна претпоставка e дека поради енергетската криза ќе се отпуштат од 30 до 50 отсто од вработените во компании или 350.000 работници, оцени денеска Миле Бошков од Конфедерација на работодавачи, коментирајќи ја вчерашната најава на Стопанската комора. Посочи дека компаниите најпрво мора да ги слушнат мерките за помош.

-Тоа не може да си го дозволи државата, а сметам дека не може да си го дозволи ни самото стопанство, бидејќи поголемиот дел од компаниите во Македонија се одржливи и на долг рок – изјави Бошков, кој денеска присуствуваше на дебата на 6. Текстилијада во Штип, во организација на „Гласен текстилец“.

Веќе влегуваме во третата деценија на слободна пазарна економија, нагласи, и оние детски болести од отвори – затвори на компании мислам дека ќе станат минато и дека стануваат минато и дека одржливоста на компаниите е главниот фактор за економијата.

Слични содржини