Почетна / Спорт / Бостон ја забележа деветта последователна победа

Бостон ја забележа деветта последователна победа

Кошаркарите на Бостон селтикс го победија Вашингтон визардс со 140:133 за деветти триумф во низа. Најефикасен играч на средбата беше Бредли Бил со 44 поени, но и тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.

Кај домаќините се истакнаа Вокер со 25 и Тејтум со 23 поени.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу среда и четврток:
Шарлот – Мемфис 117:119
Орландо – Филаделфија 112:97
Бостон – Вашингтон 140:133
Хјустон – ЛА клиперс 102:93
Минесота – Сан Антонио 129:114
ЛА лејкерс – Голден стејт 120:94
Портланд – Торонто 106:114.

Бостон е лидер во Источната конференција со девет победи и само еден пораз, на Запад води ЛА лејкерс со биланс 9-2.

loading...