Бостон никој не може да го задржи, продолжува мизеријата на Клиперс

од desk2

Бостон повторно е топ-вест од НБА-лигата со уште еден успешен натпревар во серијата која сега изнесува 16 победи по ред. Но овој пат лесно можеше да настрада и тоа од најлошиот тим во лигата, Далас маверикс.

На седум минути до крајот на мечот изгледаше дека Далас ќе ги разбуди Селтикс од убавиот сон бидејќи водеше со 13 разлика.

Сепак, како и многу пати во оваа серија, Бостон успеа да се врати, изедначи на 96-96 на минута и една секунда до крајот, а потоа во продолжението целосно доминираше за конечни 110-102.

Кајри Ирвинг постигна рекордни оваа сезона 47 поени, а Џејлен Браун додаде 22. Харисон Барнс беше најефикасен кај Далас со 31 поен. Со 16. победа едноподруго, Бостон влезе во 30-те најуспешни серии во историјата на НБА, а му требаат уште три за да го изедначи клупскиот рекорд.

Сопствена серија развива Кливленд, за кој вчерашната победа кај Детроит со 116-88 беше петта по ред. Кевин Лав постигна 19 поени и 11 скока, Леброн Џејмс броеше до 18 коша. Оклахома беше изненадена на гости кај Њу Орлеанс со 114-107 со пресврт, а Лос Анџелес клиперс загуби веќе деветти пат во низа, со 107-85 кај Њујорк.

РЕЗУЛТАТИ:
Далас – Бостон 102-110 (п)
Детроит – Кливленд 88-116
Шарлот – Минесота 118-102
Орландо – Индијана 97-105
Филаделфија – Јута 107-86
Њујорк – ЛА Клиперс 107-85
Мемфис – Портланд 92-100
Милвоки – Вашингтон 88-99
Њу Орлеанс – Оклахома 114-107
Сан Антонио – Атланта 96-85
Сакраменто – Денвер 98-114

Слични содржини