Ботас за титулата: Не сум откажал од ништо и ќе се борам до крај

од desk2

„Морам да имам многу среќа да го победам Луис Хамилтон“. Ова го соопшти тимскиот колега на Мерцедес, Валтери Ботас, кој е 64 бода зад лидерот на шампионите, но тврди дека не ги изгубил надежите за титулата.

Во Мексико на крајот на оваа недела, Луис може да ја прослави својата шеста ттула, па дури и ако не успее да победи, тој веројатно ќе го направи тоа една недела подоцна во САД.

„Не сум откажал од ништо и ќе се борам до крај. Во Јапонија беше очигледно дека може да се случи сешто, иако патеката не дозволува лесно претекнување, и јас започнав трет, зад двата болиди на Ферари. Значи, навистина сè е можно“, рече Ботас.

„Знам дека морам да имам многу среќа и да ги освојам останатите трки за да имам шанса, но навистина не размислувам за тоа во моментов. На крајот на краиштата, јас сум виновен што заостанувам толку многу. Во иднина се надевам дека ќе ги коригирам грешките, но сега само размислувам за следниот почеток и ќе видиме како сето тоа функционира“, додаде тој.

Слични содржини