Боцевски: Груби со своите изјави редовно ги нарушува меѓуетничките односи, ништо не очекувам од Муса Џафери

од Destan Jonuzi

Во изминативе неколку години кога човек број два беше Артан Груби, тој со своите изјави редовно ги нарушуваше меѓуетничките односи во Македонија и никогаш не пропуштеше прилика да ги провоцира, да ги навредува и да ги омаловажува Македонците, вели во изјава за „Локално“, поранешниот вицепремиер Ивица Боцевски, зборувајќи за политичката моќ на двете ривалски групи во ДУИ, едната предводена од Артан Груби и Бујар Османи и слиното враќање и позиционирање на „огнените“ во врвот на ДУИ.

– Врв на овие негови перверзности беше изјавата за време на локалните избори на изборниот митинг на ДУИ во Кичево кога тој кажа цитирам: „Кичево е воен плен од 2001 година и Македонец не сме да биде градоначалник на Кичево“. Инаку, ова изјава он ја даде против докторот Александар Ивановски ценет и угледен доктор од Кичево, чии што жена е Албанка и чии деца го имат Албанскиот за свој мајчин јазик. Значи, покрај тоа Артан Груби со своите изјави и со своето дејани редовно придонесуваше кон тоа. Целата Македонска граѓанска јавност, несависно од етничката припадност почна да ја замрзи ДУИ затоа што тој имаше инсталирано принцип на партизирана држава во сите вертикали и хоризонтали , зашто он ја имаше формално и поддршката на Али Ахмети, смета Боцевски.

Очекувам, додава тој, со промените на ДУИ да престане ова изживување со чувството на Македонците, и ДУИ и покрај тоа што е етничка партија, која исклучително ги застапува правата на Албанците, сепак да внимава во својата политичка работа.

– Не очекувам ништо од Муса Џафери. Сепак и во времето кога тој беше број два во ДУИ ова практика се раѓаше, се канализираше, заживуваше, така што тука не очекувам пробив. Партизацијата на сите полиња на живењето води кон безизлезност. Не може вака веќе да се продолжи, нагласи Боцевски.

Д.Ј.

Слични содржини