Боцевски: Резолуцијата е задоцнета, требаше да се усвои пред да го потпишеме Договорот со Бугарија

од Nikola Popovski

„Можам да ја поздравам резолуцијата и очекувам целосен консензус. Сепак, таа е задоцнета и требаше да се усвои во моментот кога се преговараше Договорот за добрососедство и пријателство од 1-ви август 2017 година“, рече поранешниот амбасадор Ивица Боцевски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, оваа Резолуција е потребна за да се дефинираат нашите позиции.

„Во моментов процесот е добар. Кога дел од поддржувачите на власта делат дека не требало да гледаме кон историјата, туку кон иднината, меѓутоа не треба да заборавиме дека историјата на луѓето како единки им служи токму затоа. Ние преговараме за идентитетот, затоа е потреба Резолуција“, смета Боцевски.

Слични содржини