Божиќен концерт на плоштадот во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

На Бадник на Градскиот плоштад во Скопје ќе се одржи Божиќен концерт со Димитар Андоновски, Пере – Нокаут, како и хорот на Златното славјече, Антониа Гиговска и Ламбе Алабакоски кои ја отпеаја трета верзија на „Вечниот бог“.

Во 11 чаосот и 30 минути ќе биде оформена Бадниковата поворка, која преку Камениот мост ќе се упати кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Децата учесници во поворката ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање. Бадникови поворки ќе се организираат и низ другите скопски општини и градови низ земјава.

Водители на настанот ќе бидат Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев.

Слични содржини