Божиќен подарок за навивачите на Милан: Пристигнува одличен играч за врска од француската лига

од Vladimir Zorba

Талентираниот играч за врска на Марсеј, Бубакар Камара (22) очигледно кариерата ќе ја продолжи во редовите на италијанскиот великан Милан.

Според француските и италијанските медиуми, клубовите постигнале договор и Камара треба да се пресели на Сан Сиро на почетокот на јануари.

Договорот на младиот француски дефанзивен играч за врска истекува на крајот од оваа сезона, а бидејќи не сака да го продолжи, на „Велодром“ решија да го продадат.

Според медиумите во Италија, Милан веќе некое време го следи Камара, кој веднаш би можел да добие шанса во „росонерите“ бидејќи Франк Кеси и Исмаел Бенасер одат на Африканскиот куп на нации.

Дел од медиумите наведуваат дека Камара го посакуваат и англиските клубови Њукасл Јунајтед и Манчестер Јунајтед.

Камара цела кариера е во Марсеј, а досега настапуваше за сите возрасти од француската репрезентација.

Слични содржини