Божиновски: Не треба на 3 месеци пред избори да се менува изборниот модел

од Viktor Jovanov

Не треба на 3 месеци пред избори се работи на промена на изборниот модел. Имаме модел кој веќе функционира со 6 изборни едници. Проблемот настанува со секоја промена, додека да се навикнеш. Нека има дебата, но за следните избори, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.

-Проблем е доколку се проба да се направи промена на изборниот модел ќе се наруши легитимноста на изборниот процес. Затоа во одредени држави има законски решение каде една година пред избори не може да се менува изборниот модел, вели Божиновски.

Тој смета дека е во ред и може да се разговара за една изборна единица но со изборен праг и за наредните парламентарни избори.

Слични содржини