Божиновски: Заев има поддршка од Албанците, но на овие избори тие ќе гласаат за албанските партии

од Viktor Jovanov

Има генерална поддршка кај Албанците за Заев и СДСМ. Таа поддршка нема да се рефлектира на изборите затоа што Албанците ќе гласаат за албанските партии. Но кога би бирале помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ тие би избрале СДСМ, изјави универзитетскиот професор и Владимир Божиновски.

Тој додава дека засега има најава дека Алијансата на Албанците на претстојните парламентарни избори на 12 април ќе излезат заедно со Алтернатива, додека пак ДУИ ќе излезе сама на изборите.

Божиновски најави дека за една недела од сега ќе има истражување на јавното мислење по што ќе се објават првите бројки во однос на поддршката за политичките партии.

Во однос на законот за јавно обвинителство, Божиновски вели дека се случило истото сценарио како со 27 април односно дека се лицитирало со пратеници, а биле присутни и шпекулациите за подмитување и давање одредени бенефиции на одредени пратеници.

Се отиде повторно кон она што се случи со промена на Уставот, се лицитираше со пратеници, имаше шпекулации за подметувања и давање одредени бенефиции. Се создава гнев кај луѓето, ако некој е виновен треба да си понесе одговорност. Требаше да седнат да се договорат, да имаме барем малку европско однесување. Не само за носењето, туку и на начинот на кој тоа би се направило, вели Божиновски.

Слични содржини