Божо Анѓелиќ потпиша за Вардар

од Vladimir Zorba

Црногорскиот репрезентативец Божо Анѓелиќ (30) е ново засилување на Вардар за следната сезона, соопшти денеска македонскиот шампион.

Според соопштението, со Анѓелиќ е потпишан договор на една сезона, со можност за продолжување на уште една доколку клубот биде задоволен од неговите игри.

Анѓелиќ игра на позицијата среден бек, а во скопски Вардар доаѓа од унгарски Ференцварош каде настапува од 2018 година.

Црногорецот е второто засилување на скопскиот тим за следната сезона, по 29-годишниот словенечки репрезентативец Нејц Цехте, кој игра на позицијата десен бек и моментално настапува за бундеслигашот Хановер.

Божо Анѓелиќ има повеќе од 60 настапи за црногорската репрезентација и над 100 постигнати голови и настапи на последните четири европски првенства.

Пред Ференцварош играше за Црвена Звезда, Малме, Чеглед и Металург.

Слични содржини