Брачен пар од Русија си изградил пирамида во двор: 19 пати е помала од онаа во Гиза, еве што се наоѓа во неа (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Рускиот брачен пар Андреј и Викторија Вахрушева решија да изградат вистински пирамиди на нивниот имот во селото Истинка кај Санкт Петербург, по примерот на египетските во Гиза.

Винтиџ њуз пишува дека соседите биле изненадени кога го виделе завршувањето на овој проект, а оваа брачна двојка секогаш била фасцинирана од цивилизацијата на антички Египет. Андреј и Викторија неколку пати ја посетувале Гиза за да ги видат познатите монументални пирамиди со свои очи. По враќањето во татковината, тие решија да направат копија од најголемата пирамида на Кеопс, секако, помала во нивниот двор, а тоа беше пред една година.
Сега, во нивниот двор има пирамида висока девет метри со страни долги 13 метри.

Комплетниот материјал што се користел за нејзина изградба е првенствено бетон со тежина од 400 тони. Внатрешноста на пирамидата сè уште не е украсена целосно, но дури и сега е доволно интересна за посетителите кои се подготвени да платат 50 долари за да поминат време во нејзините комори и да медитираат.

Како и неговиот пандан во Гиза, оваа е 19 пати помала пирамида и е делумно под нивото на земјата (девет метри), а во него има и саркофаг.

Андреј и Викторија не планираат да престанат по завршувањето на нивната пирамида. Имено, тие веќе прават план за египетски храм во нивниот двор, кој ќе биде поврзан со пирамидата со тунел.

Нивниот прв сосед, Александар Пустошински, ги опиша како „добри соседи“ и дека нивните необични постапки биле инспиративни за сите луѓе од селото.

Слични содржини