Брајан Меј бил „на работ на смртта“ по срцев удар

од Stefanija Kuzmanovska

Гитаристот Брајан Меј откри дека „можел да умре“ од срцев удар. 72-годишниот музичар вели дека бил „запрепастен“ кога му било кажано дека морал да направи операција по, како што опиша, „мал“ срцев удар на почетокот на овој месец.

Проблемите со срцето се појавиле неколку дена откако тој бил во канцеларијата на лекарот кога мислел дека го повредил глутеусот за време на несреќа во градината.

Тој ги објасни здравствените проблеми што следуваа на Инстаграм.

„Мислев дека сум здрав човек“, рече тој.

„И се испостави дека имам запушено три артерии и дека постои опасност крвта да не ми стигне до срцето“.

Тој има вградени три стенти – цевки што ги држат отворени блокираните артерии – и тој вели дека сега е повторно здрав.

„Шетам со срце кое сега е многу силно и мислам дека ќе бидам во добра форма во наредните денови“.

Слични содржини