Бракот не е едноставна работа. Понекогаш дури и кога двете страни се трудат и се сакаат, работите може да се искомплицираат. Без оглед на се, најголеми се шансите луѓето родени во овие хороскопски знаци да се разведат.
Бик
Понекогаш не е опција да ви ја кажат вистината, тие се плашат. Често лажат за да не ве изгубат, а за да го решат проблемот Биковите треба да покажат колку се ранливи, а не сакаат да го прават тоа. Советот до нив е да ризикуваат и да бидат свои.
Близнаци
Често се предомислуваат и ѝ отежнуваат на другата страна да ги разбере. Создаваат „проблем“ и сфаќаат дека грешат, потоа не знаат што сакаат и се оди наоколу. Тие бараат нешто совршено и бајка, а ова не е приказна туку реален живот. Советот до нив е да имаат пореални очекувања.
Риби
Тие живеат во моментот, па лесно можат да се вљубат во некоја нова личност и да свртат грб на се и само да исчезнат. Фантазираат, сакаат постојана возбуда и навистина не се грижат за последиците. Тие влегуваат во врска без да знаат никакви детали за таа личност, а потоа се прашуваат каде згрешиле. Советот до нив е да размислуваат повеќе рационално, отколку емоционално.