Брат ѝ на Кери Фишер откри: Таа требаше да биде последниот џедај

од Elena Daskalova

„Јас нема да бидам последниот џедај“, рече Лук Скајвокер во осмиот дел од сагата за „Војна на ѕвездите“, а оваа негова реплика предизвика многу дебати меѓу обожавателите.

Мистеријата ја разреши Тод Фишер, братот на починатата актерка Кери Фишер, која во филмовите ја глумеше принцезата, односно генералот Леа.

„Таа требаше да биде последниот џедај. Тоа беше планираниот пресврт за последниот филм“, изјавил тој за „Јаху ентертејнмент“.

Многумина мислеа дека последниот џедај ќе биде Реј, што исто така бил и еден од плановите, но Лукасфилм одлучиле да се држат до приказната за Леа. Но, за жал, Кери Фишер почина, а снимените сцени се искористени во осмиот дел.

Според Тод Фишер, ваквиот план не е во чест на сестра му, иако навистина го почитува сето тоа.

Деветтиот дел од сагата излегува на 20 декември оваа година.

Слични содржини