Братот на газдата на ПСЖ му се закани на Покетино откако го смени Меси

од Nikola Popovski

Иако ја продолжија успешната серија во францускиот шампионат со победата против Лион, играчите на ПСЖ чувствуваат дека нешто „не е во ред“. За тоа сведочи сцената непосредно пред крајот на натпреварот кога Маурисио Покетино одлучи да го смени Лионел Меси од теренот, со која не сакаше ниту да се ракува.

Аргентинецот беше видно незадоволен од потегот на Покетино, што предизвика дополнителна бура во таборот на Парижаните.

Во меѓувреме, се огласи и братот на газдата на Пари Сен Жермен, кој преку социјалните мрежи му се закани на Покетино и индиректно соопшти дека ќе му врачи отказ.

– Лондон е прекрасен град. Ти го знаеш тоа – напиша Халид бих Халива Ал -Тани, брат на емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани.

Нема сомнение дека сопствениците на ПСЖ ќе тераат по „свое“ до крај, и дека отсега Лео Меси ќе игра секоја минута на теренот во дресот на парискиот клуб.

Фото: Profimedia

Слични содржини