Братот на Меган во интервју: Меган и Хари треба да се спуштат на земја

Том Џуниор Маркл, братот на Меган Маркл на почетокот на интервјуто за таблоидот Daily Express откри дека му е жал што придонел за распад на семејството.

Тој откри дека неговата сестра и нејзиниот сопруг, принцот Хари, би требало да се спуштат на земја и да ги попправат семејните односи. Тој нагласи дека, првенствено, мисли на нејзиниот однос со татко им Том.

– Мислам дека тато, без оглед на грешките, вреди бар да му се јави, бидејќи благодарение на него Меган е таму каде што е денес – рекол нејзиниот полубрат за британскиот таблоид.

– Животна желба на тато му е да си го види внукот во живо, малиот Арчи. Мислам дека ќерката, барем толку, му должи – рекол Том и додал:

– Татко е стар. Има 75 години. Не му остануваат уште многу години. Зборував со него пред некој ден и го прашав дали ова интервју дополнително ќе наштети на нивниот однос. Ми рече дека дошол во фаза каде повеќе не го интересира дали Меган ќе се врати во неговиот живот или не. Фрустриран е бидејќи не може ниту порака да и прати и го нема нејзиниот број – рекол Том за крај.

Слични содржини