Братот на покојниот диџеј Ицко даруваше крвна плазма: Очекувам повик и за второ дарување бидејќи имам многу антитела

од Nikola Popovski

„Дарував крвна плазма во спомен на мојот брат Ристо Меловски – диџеј Ицко кој ја загуби битката со Ковид-19. Решен сум да помогнам на сите оние кои во овие моменти имаат потреба од помош“, изјави Владимир, брат на популарниот диџеј Ицко, кој исто така бил заразен со коронавирус, стои во Фејсбук објавата на министерот за здравство, Венко Филипче.

„Очекувам повик и за второ дарување бидејќи имам многу антитела. Како крводарител и хуман човек се надевам дека ќе го пратат мојот пример и потреба за победување на оваа болест“, соопштил Владимир.

Слични содржини