Братот на принцезата Дајана ја откри нејзината најголема траума од детството

од Stefanija Kuzmanovska

Братот на принцезата Дајана, грофот Чарлс Спенсер (56), со неговата покојна сестра се соочиле со еден од најтешките периоди во животот, откако нивните родители се развеле.

Сега грофот Спенсер отворено зборуваше за британските медиуми за болката и страдањето кои ги поминале заедно кога нивниот татко Џон Спенсер и неговата прва сопруга Франсис се развеле во 1969 година.

„Јас и Дајана имавме две постари сестри кои заминаа да се школуваат, така што ние двајца го поминавме тоа заедно“, вели Чарлс, деветтиот гроф Спенсер.

Меѓутоа, не ги погодил само разводот на родителите, туку и односот што го имале со нивната мајка.

Дајана ја чекала својата мајка на куќниот праг, но никогаш не дошла

„Нашиот татко беше извор на љубов, но нашата мајка не беше за мајчинство. Не беше таа виновна, едноставно не го можеше тоа. Додека ги пакуваше своите работи за да го напушти домот, ѝ вети на тогаш петгодишната Дајана дека ќе се врати да ја види. Дајана ја чекаше на куќниот праг, но таа никогаш не дојде“, рече тој опишувајќи ја една од најголемите трауми што неговата сестра ги доживеала како дете.

И во претходните разговори на оваа тема, Чарлс Спенсер често велеше дека разводот на нивните родители „Дајана го поднела тешко“.

 

Слични содржини